11 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Ферит Хоџа, министерот за Европа и надворешни работи во Владата на Албанија, денеска изрази поддршка за студентските барања во Скопје, нагласувајќи дека употребата на албанскиот јазик во Северна Македонија претставува уставно и неоспорно право.
Според информациите објавени од информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА, Хоџа на прес-конференција истакнал дека е неопходно да се изнајде институционално решение за студентите-Албанци во земјата, кои бараат можност да го полагаат правниот испит на својот мајчин јазик.
„Во секое време и во секој случај Албанија одржува добри односи со Албанците, каде и да се наоѓаат. Студентите кои протестираа во Скопје го бараат своето право. Тие покренуваат праведно прашање. Ние ги следевме со внимание,“ изјави Хоџа.
Тој дополнително потенцираше дека прашањето за употребата на албанскиот јазик не смее да биде предмет на спорење.
„Употребата на албанскиот јазик во Северна Македонија е уставно право и тоа не треба да доведува во прашање. Од суштинско значење е ова да се реши институционално,“ нагласи министерот.
Во својата изјава, Хоџа повика на одговорен пристап и избегнување на политизација на чувствителни прашања, посочувајќи дека фокусот треба да биде ставен на конкретни решенија.
„За нас е многу важно ова прашање да не се политизира, туку да се третира одговорно. Нас нѐ интересираат решенијата. Албанија останува посветен актер на односите и стабилноста во регионот,“ додаде тој.
Студентските протести во Скопје во изминатиот период отворија поширока дебата за правата на заедниците и практичната примена на уставно загарантираните јазични права во Северна Македонија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

