11 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Населението старее, бројот на работници се намалува, а трансферите од државната каса за исплата на пензии стануваат неодржливи. Државниот завод за ревизија (ДЗР) во својот последен извештај упатува сериозно предупредување: иако пензиите се исплаќаат редовно, реалната стабилност на пензискиот систем е загрозена од неповолните демографски трендови и политичките одлуки за линеарно зголемување на примањата.
Според наодите на ревизорите, првиот пензиски столб, кој функционира на принципот на меѓугенерациска солидарност, постојано работи со негативен финансиски биланс. Трошоците за исплата на пензиите одамна ги надминаа приходите од придонеси, па „дупката“ во Фондот се пополнува со огромни трансфери од Буџетот.
Ревизијата нотира дека зголемувањата на пензиите во текот на 2024 и 2025 година не се во корелација со растот на платите ниту со приливот на нови придонеси.
„Нивото на пензиите е зголемувано неколку пати по линеарен пат, што не е придружено со соодветен раст на платите на осигурениците, ниту со зголемување на бројот на оние кои уплаќаат придонеси“, стои во извештајот на ДЗР.
Главната причина за ваквата состојба лежи во демографските промени. Нискиот наталитет и масовното иселување на младите ја десеткуваат работната сила.
Заклучок на ревизорите: За да се избегне целосен колапс, потребни се итни и ефективни структурни реформи. Одложувањето на овие промени само го зголемува ризикот државата во иднина да не може да го издржи притисокот врз централниот буџет, што директно ја загрозува социјалната сигурност на граѓаните.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

