08 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Во Кочани денеска се одржа деветтото издание на „Маршот на ангелите“ – настан со кој се оддава почит на загинатите и повредените во трагичниот пожар што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“. Настанот, кој од година во година добива сè поголемо внимание, оваа година беше обележан со длабока тага, револт и јасни пораки упатени до власта.
Родителите на жртвите, обземени од болка и разочараност, отворено ја обвинија државата за игноранција и недостаток на правда. Тие побараа оставки од претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, нарекувајќи ги одговорни за институционалниот молк и непостапување по трагедијата.
„Ветивте правда, добивме молк“
Една од мајките се обрати јавно, со трогателен говор кој ја потресе јавноста:
„Ни велевте да се стрпиме уште некој месец и ќе ги видиме ефектите од сработеното. Видовме едно големо ништо. Дури и оние кои ги уапсивте ги ослободивте за неколку недели и денес се со своите семејства, за разлика од нашите деца кои не можеме никогаш веќе да ги видиме.“
Таа додаде дека ниту заканите ниту навредите на социјалните мрежи нема да ги замолчат:
„Ако ви е далеку Кочани и не нè слушате, наредниот пат ќе дојдеме ние во Скопје“, порача таа, предизвикувајќи аплауз од присутните.
„Мајко моја, званична маќео“ – понижен граѓанин со искинато писмо
Еден од родителите, со очигледна огорченост, јавно го искина писмото што го добил од претседателката Сиљановска – Давкова, нарекувајќи ја „званична маќеа“:
„Ми пушти писмо, за три дена ме најде, а ме заборави за 24 часа. Нема никаков потпис од нашата мајка. Дали не ти е срам?“
Тој постави и конкретен симболичен рок за оставките:
„Нашите деца на 16-ти загинаа. На 16-ти, вие тројца да си дадете оставка. Вие немате срца“, порача со солзи во очите.
Трагедија што сè уште нема правна разрешница
На 16 март, во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани, загинаа 62 млади лица, а повеќе од 200 беа повредени. Иако поминаа месеци, случајот сè уште нема јасна правна разрешница. Родителите и граѓаните бараат правда, отчетност и реформи во системот кој, според нив, ги изневерил токму кога им било најпотребно.
Со пораката „Не заборавајте ги нашите деца“, маршот во Кочани заврши, но револтот и болката на родителите остануваат, како потсетник дека вистинската правда сè уште е недостижна.
Пад на странските инвестиции во С. Македонија во првиот квартал од 2025 година
В'лчев со критики за ЕУ-извештајот: Не е работа на парламентот да признава идентитет
Приведен возач во Кавадарци поради управување со возило под дејство на алкохол