27 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарскиот историчар и академик Димитар Атанасов од Институтот за етнологија и фолклористика при Бугарската академија на науките (БАН), изрази скепса дека уставните измени во Северна Македонија, со кои се предвидува внесување на Бугарите како заедница, ќе придонесат за суштинско решавање на спорот меѓу двете земји.
„Жално, но внесувањето на Бугарите во македонскиот устав нема да го реши проблемот,“ вели Атанасов, објаснувајќи дека причините за тензичните односи меѓу Скопје и Софија се многу подлабоки и се наталожени низ последните неколку години, особено со блокадата на евроинтегративниот процес на Северна Македонија.
Атанасов смета дека процесот на надминување на недовербата и националистичките наративи ќе биде долг и тежок. Според него, „проблемот што беше создаден ќе трае 2 до 3 децении“, а клучен предуслов за негово надминување е изградбата на доверба меѓу обичните граѓани, но и меѓу политичките елити.
„Потребно е време луѓето да имаат доверба едни во други, а оние кои не се националисти – да имаат доверба во своите влади“, додава бугарскиот академик, посочувајќи дека без меѓусебно разбирање и искрена политичка волја, формалните промени нема да донесат трајно решение.
Ова интервју доаѓа во време на засилени дипломатски напори и дискусии околу уставните измени и европскиот пат на Северна Македонија, во кои прашањето за правата на Бугарите стана централна тема на билатералната агенда.
СДСМ: Поради неспособност на ВМРО-ДПМНЕ изгоре 20% од територијата на државата
Срамни услови во Скопје – Жестока критика од Италијанската теквондо федерација
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден