29 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Состојбата на човековите права и слободи во Македонија се приближува до точка од која ќе се влошува, предупредува Џабир Дерала, новинар, активист, писател и претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода, во интервју за Рацин.мк.
Во разговорот Дерала говори за одлуката на судот во корист на премиерот Христијан Мицкоски во спор против него, што тој го оценува како политички притисок и доказ за опасната испреплетеност на политичката моќ и судството.
„Ова не е првпат да бидам мета на судски прогон. Тоа е класичен притисок врз секој што се осмелува да зборува поинаку,“ вели Дерала, кој е активен во одбраната на слободата на медиумите и човековите права повеќе од три децении.
Според него, судската пресуда во која е осуден за наводно загрозување на човековите права на премиерот, претставува „циничен и гротескен“ обид да се замолчат критичките гласови во општеството.
„Мене ми се судеше со повикување на Европската конвенција за човекови права, како јас да сум структура на моќ што ги загрозува правата на премиерот,“ вели Дерала, кој потсетува дека целата своја кариера ја посветил токму на одбраната на човековите права.
На прашањето зошто домашните медиумски здруженија не реагираа гласно во негов случај, Дерала одговара дека причината е стравот и тесната поврзаност на медиумите со политички и олигархиски центри на моќ.
„Повеќе се исплати да се осуди напад врз некој надвор од Македонија отколку да се застане зад свој колега дома,“ истакна Дерала.
За него, слободата останува клучна вредност без која човекот не може да постои.
„Слободата е еднаква на животот. Без неа нема правда, нема достоинство, нема иднина,“ категоричен е Дерала.
Тој смета дека авторитарните општества функционираат како „големи ќелии со невидливи решетки“ и дека токму тоа денес се заканува и на Македонија.
Во разговорот, Дерала предупредува и на други примери на нарушени права во земјата, од негрижата за правото на здравје и безбедност, преку дискриминацијата на етничките заедници и ЛГБТК+ лицата, до лошото образование кое, според него, создава граѓани подготвени за манипулација.
„Надворешно изгледа дека нема голема криза, но симптомите се тука и многу брзо ќе станат очигледни,“ вели тој.
Голема закана за демократијата, според Дерала, претставуваат и дезинформациите.
„Дезинформациите се оружје од кое се гине. Нивната цел е да убијат или онеспособат цели заедници,“ предупредува тој, посочувајќи дека Македонија е особено подложна поради ниската политичка култура и страот.
ЦИВИЛ, вели Дерала, работи активно на разобличување на хибридните влијанија кои доаѓаат и од странство, и од домашни политички центри.
На крајот, Дерала е дециден: борбата за слобода и демократија нема крај, и треба постојано да се брани.
„Ние веќе не ја унапредуваме демократијата – ја браниме,“ потенцира тој, додавајќи дека граѓанските организации и независните медиуми мора да останат обединети во таа мисија.