31 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Пратеничката од Демократска унија за интеграција (ДУИ), Рина Ајдари, изјави дека проектот за Коридорот 8, кој го оцени како најважен во историјата на државата, се соочува со сериозни пречки поради политички ставови поврзани со неговото значење за поврзување на Албанците.
Според Ајдари, ВМРО-ДПМНЕ по доаѓањето на власт настапила со идеја за ревизија на проектот, што, како што рече, довело до забавување и компликации во неговата реализација.
„Преку овој коридор се овозможува поврзување на Западен Балкан со Европската Унија. Ова е можеби најголемиот и најзначаен инфраструктурен проект во историјата на државата, но и финансиски најскап. Сепак, отпорот кон него беше значителен, особено во Комисијата за економски прашања“, изјави Ајдари.
Таа потенцираше дека зад ставовите дека проектот служи за поврзување на Албанците стојат членови на ВМРО-ДПМНЕ, и покрај, како што рече, поинаквите јавни изјави на претставници од коалицијата ВЛЕН.
Ајдари истакна дека средствата за Коридорот 8 се намалени, а дополнително се појавиле и проблеми како отпуштања на работници и промена на трасата.
„Апсурдно е ако еден проект е стратешки приоритет на Владата, а истовремено не се планираат и не се обезбедуваат доволно средства за негово реализирање“, нагласи таа.
Пратеничката остро реагираше и на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека Коридорот 8 нема да поминува преку Ќафасан и Струга.
„Скандалозно е да се тврди дека коридорот нема да излезе во Ќафасан и Струга. Ако не таму, тогаш каде ќе излезе?“, праша Ајдари.
Таа додаде дека е загрижувачки што, како што рече, локалните претставници, вклучително и градоначалникот на Струга, не реагирале на овие изјави.
„Чудно е што градоначалникот на Струга молчи. Овие луѓе немаат ни глас да ги заштитат правата на Албанците“, заклучи Ајдари.
Крвав инцидент во Прилепскиот затвор: Осуденик нападнал цимер со остар предмет
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

