31 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Пратеничката на ДУИ и Европскиот фронт, Рина Ајдари, во емисијата „Дебат на Шења“ упати критики кон работата на Собранието и актуелниот претседател Африм Гаши, нагласувајќи дека не се почитуваат уставните и законските обврски, особено во делот на употребата на албанскиот јазик.
Таа истакна дека претседателот на Собранието има клучна одговорност да обезбеди почитување на Уставот на Република Северна Македонија, законите и Деловникот за работа на парламентот.
„Често сум реагирала за непочитување на Уставот, законите и Деловникот на Собранието. Се соочуваме со навистина флагрантни прекршувања и на законите и на Уставот, како и на Деловникот, од страна на господинот Гаши“, изјави Ајдари.
Во однос на употребата на албанскиот јазик, таа нагласи дека секојпат кога алармирале за овој проблем, биле обвинувани со истата реторика дека „ДУИ е виновна“.
Ајдари потсети дека во претходниот парламентарен состав, кога претседател на Собранието беше Талат Џафери, сите документи редовно биле доставувани на два јазика – македонски и албански.
„Прашањето за јазикот е реално. Јас бев пратеничка и во претходниот мандат, кога претседател беше Џафери. Тогаш документите секогаш ни се доставуваа на двата јазика, додека денес тоа не е случај“, рече таа.
Дополнително, таа посочи дека имало ситуации кога амандманите предложени од ВЛЕН биле доставувани исклучиво на македонски јазик, што според неа претставува сериозен проблем во однос на почитувањето на јазичните права во Собранието.
Крвав инцидент во Прилепскиот затвор: Осуденик нападнал цимер со остар предмет
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

