38 годишен скопјанец попладнево ја убил сопругата па се дал во бегство
Како што соопшти МВР, 38-годишниот Н.А. од Скопје попладнево ја убил својата сопруга Р.А. во нивниот семеен дом, нанесувајќи ѝ смртоносни повреди со остар предмет. Според информациите, случајот бил пријавен околу 15 часот во СВР Скопје, а лекарите од Итната медицинска помош на местото ја констатирале смртта на жената.
По извршеното дело, осомничениот се дал во бегство. Благодарение на брзата реакција на полицијата, околу 17 часот Н.А. бил уапсен на граничниот премин Табановце од страна на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север.
МВР информира дека во координација со јавен обвинител против Н.А. ќе биде поднесена кривична пријава за стореното кривично дело „убиство“.
Настанот предизвика вознемиреност кај јавноста, а истрагата за случајот е во тек.