01 април 2026
• од Вардарски
Основното јавно обвинителство во Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишно лице осомничено за сторено кривично дело „Убиство“ согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.
Според информациите, трагичниот настан се случил во семејниот дом во населбата Дутлок, каде што, при вршење семејно насилство, осомничениот со умисла го лишил од живот сопствениот татко.
Како што објави 4news.mk, претходно помеѓу таткото и синот избувнала расправија поради наталожени меѓусебни недоразбирања. Во текот на конфликтот, синот физички го нападнал таткото, нанесувајќи му удари со раце и со тврди метални предмети, сè додека не му предизвикал тешки телесни повреди од кои жртвата починала.
По извршеното кривично дело, осомничениот се обидел да ги прикрие трагите. Телото на починатиот го измил и го подготвувал за погреб, со намера да го прикрие настанот.
Случајот бил откриен откако анонимен граѓанин пријавил од странски телефонски број. По пријавата, полициски службеници веднаш излегле на терен, а увид извршил и јавен обвинител, кој наредил обдукција на телото.
Од Основното јавно обвинителство Гостивар информираат дека до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар е доставен предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Како причини се наведуваат ризик од бегство, можност за влијание врз сведоци и опасност од прикривање на докази.
Истрагата за случајот е во тек.
Крвав инцидент во Прилепскиот затвор: Осуденик нападнал цимер со остар предмет
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

