22 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Вистинска филмска потера и сериозен инцидент со директен напад врз полициски службеници се случиле синоќа во тетовскиот регион, откако 16-годишно момче од селото Слатино одбило да застане на полициска контрола.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот започнал кога полициски службеници од Полициското одделение Теарце се обиделе да сопрат патничко возило марка „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетникот. Наместо да постапи по наредбата, тој продолжил со движење и се дал во бегство.
Инцидентот кулминирал во селото Непроштено, каде што возачот со голема брзина удрил во електричен разводен шкаф на ЕВН. При обидот да избега, тој директно се обидел да ги прегази полициските службеници кои биле ангажирани на терен.
По кратка потера, околу 23:00 часот, на локалниот пат кон селото Сетоље, припадници на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово успеале да го пресретнат возилото и да го лишат од слобода малолетникот. При извршената контрола било утврдено дека 16-годишникот не поседувал возачка дозвола.
Малолетникот е задржан во полициска станица, а возилото е одземено. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно член 297-а и член 288 од Кривичниот законик.
Романија се восхитува на Бугарија за новиот научен проект – за што станува збор?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

