28 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Вкупно 13,6 отсто од учениците од седмо до деветто одделение, најчесто на возраст од 13 до 15 години, користат некаков тутунски производ. Ова го покажуваат резултатите од националното истражување спроведено во 75 училишта низ државата во 2024 година, во соработка со Светска здравствена организација (СЗО).
Наодите беа презентирани од претставници на Институт за јавно здравје (ИЈЗ), министерот за здравство Азир Алиу и шефот на канцеларијата на СЗО во земјава, Аким Али.
Според доктор Сања Прошева од ИЈЗ:
Дополнително, од сегашните пушачи:
Министерот Алиу нагласи дека 13,6 проценти претставува највисока досега регистрирана преваленција кај оваа возрасна група. Особено загрижува податокот дека користењето електронски цигари е повеќе од двојно зголемено во споредба со 2016 година.
Истражувањето покажува и значителна изложеност на младите на тутунски чад:
Дополнително, дури 73,2 проценти од малолетните пушачи не биле спречени да купат цигари поради нивната возраст, што укажува на сериозни пропусти во спроведувањето на законските ограничувања.
Како охрабрувачки податок, 86,9 проценти од испитаните ученици ја поддржале мерката за забрана за пушење во затворени јавни простори.
Претставникот на СЗО, Аким Али, истакна дека новиот предлог-закон има цел да ги заштити непушачите, особено децата. Тој нагласи дека родителите очекуваат чиста и здрава средина кога ги испраќаат своите деца на училиште, но резултатите од истражувањето покажуваат дека дел од учениците и понатаму се изложени на тутун во училишната околина.
Резултатите отвораат сериозни прашања за потребата од поефикасна превенција, засилена контрола на продажбата на тутунски производи на малолетници и доследна примена на законите за заштита од пушење.
Израелската армија соопшти за најголемата воздушна операција во својата историја
Силна поддршка од Трамп до народот на Иран: Америка стои зад вас со огромна сила
Останува во сила забраната за пиење вода во Струга, заматеноста е намалена
Бугарската банка за развој се приклучи кон новата иницијатива на ЕК „EastInvest“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

