02 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Денеска православните верници го одбележуваат споменот на Преподобниот маченик Јован и другите монаси што пострадаа за верата Христова во светата обител на свети Сава Осветен, во близина на Ерусалим.
Овој славен манастир, кој постои и денес, низ историјата повеќепати бил изложен на напади од разбојнички арапски племиња. Сепак, по Божја промисла, тој секогаш бил обновуван и зачуван, сведочејќи за силата на верата и истрајноста на монашкиот живот.
Во времето на царувањето на Константин и Ирина, во 796 година, манастирот бил нападнат и ограбен. Монасите, иако свесни за опасноста, не сакале да ја напуштат својата обител. По советување со својот игумен Тома, тие донеле храбра одлука да останат, велејќи: „Ние побегнавме од светот во оваа пустина заради љубовта Христова. Срамота е да бегаме од пустината заради страв од луѓето.“
Со цврста вера и без оружје, тие ги пречекале напаѓачите како јагниња пред волци. Некои од монасите биле убиени со стрели, а други биле затворени во пештерата на свети Сава, каде што напаѓачите запалиле оган на влезот и ги задушиле со чад.
На тој начин, овие храбри монаси го завршиле својот земен живот како вистински Христови маченици, преселувајќи се во Царството Небесно на Оној Кого Го љубеле и на Кого Му служеле.
Нивното мачеништво се случило пред Велигден во 796 година, во времето кога јерусалимски патријарх бил Илија. Според преданието, напаѓачите не избегале од праведната Божја казна – на пат кон своите шатори се скарале меѓусебно и се уништиле едни со други.
Овој ден нè потсетува на силата на верата, пожртвуваноста и љубовта кон Христа, кои ги надминуваат сите стравови и искушенија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

