11 јуни 2025
• од Тодор Вангелов
Денес, православните верници ја чествуваат Светата маченичка Теодосија Тирска, која со својата голема вера и непоколеблива храброст посведочи за Христовото име.
Според црковното предание, во времето на царот Максимијан, во Кесарија Палестинска мнозина христијани биле врзани пред преторијата, очекувајќи ја маченичката смрт. Теодосија, благочестива девица, им пристапила, ги фалела и ги храбрела во нивната вера и издржливост. Нејзините зборови веднаш привлекле внимание и била изведена пред судијата.
Судијата, исполнет со гнев, наредил да ѝ обесат камен околу вратот и да ја фрлат во морето. Но, по Божја промисла, ангелите ја извадиле жива на брегот. Кога повторно се јавила пред судијата, била осудена на смрт со меч.
Според народната преданија, следната ноќ, Теодосија им се јавила на своите родители во величествен небесен сјај, опкружена со многу спасени девојки. Им рекла: „Гледате колкава е славата и благодатта на мојот Христос, од Когошто сакавте да ме лишите?“ Со овие зборови, Теодосија сведочела за вечната награда што ја добила поради својата вера.
Маченичкиот подвиг на Светата Теодосија се случил во 308 година, а нејзиниот пример и денес ги инспирира верниците да останат верни на Христос и покрај сите предизвици. Црквите низ Македонија денес ја одбележуваат нејзината жртва со свечени богослужби и молитви.